Јавен Карактер

Информации од Јавен Карактер

Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации

Согласно обврските што произлегуваат од член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), имателот на информации –  ООУ „Блаже Конески“ Скудриње, за службени лица кои посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ги определи следните  лица:

Алија Незири – секретар-благајник

Телефон: 042/470-309

контакт e-mail blazekoneskiskud@gmail.com

ООУ „Блаже Конески“ Скудриње с.Скудриње 1257 Скудриње

Република Северна Македонија

Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага –  ООУ „Блаже Конески“ Скудриње, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до –  ООУ „Блаже Конески“ Скудриње непосредно во архивата; преку пошта на адреса на –  ООУ „Блаже Конески“ Скудриње  1257 Скудриње, Маврово и Ростуше, како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: blazekoneskiskud@gmail.com).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Барањето исто така може да се достави во онлајн формат на slobodenpristap.mk

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер https://aspi.mk/