Според сознанијата со кои располагаме,се до Балканските војни (1912-1913),односно во периодот на Отоманската Империја,образованието во Скудриње се базирало на приватната иницијатива од одделни муслимански свештеници (оџи),при што предност,сепак,имале децата на поимотните деца.Како верски учители од тој период се спомнуваат оџите. Абдураим Адеми и неговиот син Сулејман од семејството Оџевци. Периодот на српското владеење во Скудриње се совпаѓа главно меѓу двете светски војни (1918-1941 година). Во овој период во џамискиот двор е изградено отворено училиште. Во 1947 година е одржана свеченост во присуство на родители,ученици,бројни гости и активисти од месното население на која е прочитана решението на Министерството за просвета на НР Македонија со кое училиштето ќе го носи “Илми Амит“ првоборец од Скудриње, а во знак и благодарност за неговото дело и придонес во НОБ. Со самиот чин на прераснување на ЦОУ “Илми Амит“ во петтолетка, се случува негова трансформација во ПОУ НА ЦОУ “Иво Лола Рибар“ – Ростуше,со што го изгуби статусот правен субјект. Како подрачно училиште ќе работи се до 1995/1996 во која,со решение на Министерството за образование и наука на Р.Македонија бр 10-1283/2 од седми јули 1995 година,се издвојува од својата матица и од први септември 1996 година работи како самостојно основно училиште во чиј состав влегоа училиштата од селата Присојница и Аџиевци,како подрачни четирогодишни комбинирани паралелки,обезбедувајќи притоа целосен опфат на учениците од прво до осмо одделение.