Квиз Италијански јазик

Денес, учениците од VI до IX одделение, се вклучија во квиз организиран преку апликацијата kahoot oд следните наставници: Билјана Дејановска (италијански јазик), Медат Арслани (географија) и Рустем Јусуфоски (историја) на тема: Италија, создавање и римска митологија, географски карактеристики и поголеми градови во Италија. Содржините се работени по овие предмети континуирано, според наставната програма, во VI, VII, VIII, IX одделение. Повторувањето на знаењето може да биде забавно и во корелација со други наставни предмети.